На клиника починал затвореник од Шутка

by fokus

Осуденик на возраст од 65 години ноќеска починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

-На 29.10.2023 во 00.30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека осуденикот Н.Е.(65) од Тетово починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што претходно бил пренесен поради здравствени проблеми, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Поврзани новости