МВР информира дека на 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки регистерски ознаки, сопственост и управувано од Р.С. од Кавадарци, а во врска со претходна објава на социјалната мрежа Инстаграм, на која се гледа дека возачот го управува возилото со нагло зголемување на брзина, со што предизвикува пролизгување на погонските тркала и создавање бучава.
Од страна на полициските службеници возилото е одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Денеска во Станица за технички преглед во Кавадарци извршено е мерење на бучава и утврдена е бучава над дозволената.
Согласно член 344 став 3 од ЗБСП, возилото „бмв“ е привремено одземено на период од 90 дена.