На „Ќафасан“ фатен Албанец баран од Интерпол

by fokus

Вчера попладне на ГП „Ќафасан“, приведен бил Албанец по кого била распишана потерница од Интерпол, пренесуваат од МВР.

„На 22.07.2019 во 12.10 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода C.A.(42) од Република Албанија затоа што се барал по распишана меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил здржан и предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости