На Јутуб одекна нова „бомба“

by Fokus

На Јутуб се појави нова „бомба“ од серијата материјали против функционери на ДУИ осамна на „Јутјуб“, објавена од профил со фотографија на премиерот Зоран Заев. Станува збор наводно за разговор меѓу лидерот Али Ахмети и ексвицепремиерот Муса Џафери, кои разговараат за пропаднатиот попис во 2011 година.

Ахмети во разговорот му вели на Џафери дека „работите не одат добро, граѓаните се револтирани, ќе нѐ боцкаат фотелјите…“

СЈО отвори истрага за пописот кој пропадна необјаснето, а со кој буџетот беше оштетен за 2,8 милиони евра и ги осомничи Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и Али Ахмети како лидер на ДУИ.

Нови „бомби“ на својот фејсбук профил објави и „Ел Чека“, во кои повторно цел се функционери на ДУИ, Али Ахмети, Муса Џафери, Блерим Беџети. Во една од објавите се споменува и поранешната министерка Гордана Јанкуловска која наводно признава дека случајот „Сопот“ е политички монтиран процес.

Освен бомбите,„ Ел Чека“ во видео снимка се обраќа и на јавноста и се заканува дека нема да престане со објавување на разговори се дури не започне меѓународна истрага за Диво Насеље.

Поврзани новости