На Јокиќ „му се смешка“ најголемата плата во историјата на НБА лигата

by Fokus

Најголемата ѕвезда на Денвер Нагетс, српскиот ас Никола Јокиќ, во 2026 година би требало да го добие најголемиот договор во историјата на НБА лигата!

Како што пренесуваат американските медиуми, оценката на тамошните еминентни новинари е дека вкупната вредност на тој договор ќе изнесува речиси над 400 милиони долари, со што српскиот центар би ги соборил сите рекорди во најсилната лига на светот.

Да потсетиме, тој го потпиша последниот договор со Денвер на пет години, од кој ќе инкасира 276.122.630 американски долари.

Во претходната сезона „Џокерот“ ги предводеше Нагетси до историската, прва, титула во НБА лигата, додека во финалната серија беше прогласен за МВП.

Сепак, навивачите на српската репрезентација ги растажи фактот што Никола Јокиќ нема да игра за тимот на селекторот Пешиќ на претстојното Светско првенство кое заеднички ќе го организираат Јапонија, Индонезија и Филипините.

Поврзани новости