423
На денешното рочиште за случајот „Топлик“, во кој еден од обвинетите е и екс министерот Миле Јанакиески, се презентираат писмените докази предложени од СЈО, кои на број се над 600.
Обвинетиот Јанакиески имаше забелешки на начинот на кој обвинителот ги презентира доказите, па го праша судијата дали има право да го коментира и да даде забелешки. На ова судијата Осман Шабани му рече дека не може да прави анализа на доказите, подучувајќи го дека тоа може да го стори во својот завршен збор.
Во „Топлик“, освен Јанакиески, обвинети се уште шестмина. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластување и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра при продажба на земјиште во Сопиште, за Сончев Град.