Во Германија, Австрија, Белгија и Малта, 16-годишниците првпат гласаа на изборите за Европскиот парламент, откако беше намалена возраста за гласање.
Во Грција старосната граница е намалена на 17 години, а резултатите од изборите покажуваат промена во начинот на размислување на младите за ова прашање.
Пред пет години, тинејџерите низ Европа масовно излегоа на улиците, одржувајќи демонстрации за политики за заштита на климата. Немаа право на глас, но реагираа.
Иако анкетите покажаа дека младите (на возраст од 18 до 24 години) од двете страни на Атлантикот повеќе гласаат за партии од левиот центар, прогресивно ориентирани, сега ситуацијата е поинаква.
Дури и европските конзервативци се спротивставија да им се даде глас на 16-годишниците. Сепак, многу млади луѓе во Германија годинава гласаа за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD).
За АфД гласале дури 16 отсто од гласачите на возрасната група од 16 до 24 години.
Си-Ен-Ен забележува дека повеќето тинејџери не гласале за крајната десница, но зголемувањето на бројот на оние кои гласале е сè уште алармантно.
Свртувањето надесно на германските тинејџери и млади возрасни луѓе не излегува од ведро небо, бидејќи истражувањата покажуваат незадоволство од постпандемиските економски и политички услови.
„Се чини дека пандемијата на корона вирусот ги иритира младите поради неспособноста на властите да се справат со иднината, што се рефлектира во длабока несигурност“, велат аналитичарите.
Најважните прашања за младите се личните финансии, наоѓањето квалитетно вработување, здравството, домувањето и социјалното признание. Младите се разочарани од неуспехот на политиките на традиционалните партии од десницата и левиот центар, па сега се повеќе склони да гласаат за партиите ориентирани кон десницата.
Трендот на растечка популарност на десницата кај младите не е присутен само во Германија.
Забележан е и во Португалија, Италија, Франција, Холандија и Шведска.
Аналитичарите објаснуваат како младите луѓе можат да бидат особено импулсивни и емотивни при изборот на политичките опции.
Очигледно е дека екстремно десничарските партии како АфД немаат решенија за тешки и сложени прашања, а гласањето за нив некако ја спречува демократијата да ги реши сопствените недостатоци.