365
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска истакна дека повеќето повици кои стигнуваат на бројот 112 се лажни.
Појасни дека во секторот на бројот за итни повици – 112, вработиле 50 лица, а граѓаните биле задоволни од услугата. Тој оцени дека секторот 112 функционира одлично и информира дека прима околу 1.500 повици дневно.
– За жал 80 отсто од овие повици се лажни, некои се злонамерни – помалиот дел, а другиот се ненамерни и погрешни, луѓето бараат други видови на услуги, но и во тој случај ги пренасочуваме граѓаните. На овој начин ги растоваруваме останатите служби, како полицијата и итната медицинска помош, заклучи Ангелов.