Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ градовите во земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 377 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид – центарот во Гостивар осум, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациенти, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 31, во Гевгелија четири лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 625 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид – центрите.