На инфективните оддели се лекуваат 1082 пациенти од корона вирус

by Fokus

Вкупно 1082 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, при што има околу 340 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 67 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 619 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, во Скопје отворен е и ковид центарот на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми.

Поврзани новости