На инфективните оддели има 1768 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа хоспитализирани 76 лица

by Fokus

Вкупно 1768 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 76 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 725 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1043 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 34 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 17 примени пациенти и осум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет нови болни, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 62 оздравени пациенти.

Поврзани новости