На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти, слободни кревети има

by Fokus

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализиран 39 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 20, во ковид-центарот во Гостивар 20, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани пет, во Кичево осум, во Кавадарци 13, во Гевгелија пет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 611 и има околу 530 празни болнички кревети во ковид-центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се вели во соопштението од Министерството за здравство

Поврзани новости