На инфективните одделенија низ државата се лекуваат 318 пациенти со ковид

by Fokus

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид-центрите. Според дневните извештаи на Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 181 пациент позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид-центарот во Гостивар 2, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.

Според податоците за Скопје, пак, во последните 24 часа во ковид-центрите во главниот град се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти што имаат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството.

 

Поврзани новости