На Инфективна починаа четворица пациенти на возраст од 49 до 72 години

by Frosina Fakova

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години заразени со новиот вирус Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство. Еден починатите е од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Од Министерството за здравство информираат дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени осум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 86. На кислородна поддршка се 38 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

-Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, осум деца позитивни и две деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“, пак, примени се 15 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 90. На респираторна машина се 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19, се наведува во соопштението.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530,  бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Поврзани новости