На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација, соопшти Министерството за здравство.
На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Вкупно 18 пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а 5 пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38 пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се 8 пациенти, а на респираторна машина 6.
Во Битола се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.
Во болницата во Штип се лекуваат 8 пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови.