Петнаесетгодишно девојче од тетовското Село Селце починало од Ковид на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство.
Според информациите од Клиниката, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.
-Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас“, велат од Министерството.
Според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината од Ковид 19. Според информации на Фокус, девојчето имало 111 килограми. Во вчерашниот ковид-билтен, најмлад починат пациент беше дваесет и двегодишно момче од Куманово.