На Илиевски му истече мандатот, велат од Град Скопје

by Fokus

На директорот на ЈСП Скопје Иван Илиевски му истече мандатот како вршител на должноста, велат од Град Скопје по информациите дека тој поднел оставка пет месеци откако бил назначен на функцијата.

Од градот додаваат дека градоначалничката Данела Арсовска му се заблагодарила на работата и оценила дека Илиевски претпријатието го остава во добра организациска поставеност.

„Ја информираме јавноста дека на досегашниот вршител на должноста директор во Јавното сообраќајно претпријатие, Иван Илиевски му престана мандатот како в.д. директор. Постапката за избор и именување на нов в.д. Директор на ЈСП е во тек. Градоначалничката Данела Арсовска му се заблагодарува за досегашната професионална соработка во Јавното сообраќајно претпријатие, кое го наследил со огромни милионски долгови и кој покрај лошата состојба во која беше затекнато јавното претријатие, информираат од Град Скопје.

 

Поврзани новости