882
Од понеделник на третиот канал на Хрватската радио-телевизија ќе се емитува само образовна програма наменета за учениците, јави дописникот на МИА.
Програмата ќе се вика „Училиште на третиот канал”, а за воведување ваква програма, одлука донесе хрватската Влада во соработка со Јавниот радиодифузен сервис.
Ваквиот вид на програма се воведува да се спречи неконтролираното ширење на коронавирусот, а таа ќе ги прати образовните програми за предметите кои се предаваат во училиштата. Во оваа програма ќе учествуваат учителите и професорите од училиштата.