На Халкидики убиен е водачот на Дуќанџик – Орхан Бајрами – Оки?

by fokus

Водачот на криминалната група Дуќанџик – Орхан Бајрами – Оки е убиен во апартманот на Халкидики каде ноќеска беше пукано. Ова засега се неофицијални и непотврдени информации од полициски извори, но и имињата што првично ги објавуваат грчките медиуми се совпаѓаат со ова име.

Грчките медиуми пренесуваат дека убиен бил триесет и деветгодишен бизнисмен, сопственик на казино во Македонија, а неговиот пријател, 45-годишниот Сеад Слезовиќ е повреден. Двајцата престојувале во хотел и денеска на пладне требало да се одјават.

Маскирани напаѓачи упаднале во изнајмената хотелска соба во Ханиоти на Халкидики и испукале 20 куршуми.

Бајрами пак во Македонија се поврзува со групата „Дуќанџик“ којашто е во постојана војна со другата група „Беланоца“.

На 6 март во „Шиша бар“ убиени беа Јетон Кривањева-Жила и Есен Исеинов- Љаци и кон нив беа испукани 40-тина куршуми. Кога се случи убиството во „Шиша бар“ според неофицијални информации, Оки бил тргнат накај барот, а пред пукањето стигнал на неколку метри до него.

Пред еден месец пак во Косово беше изрешетен Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир. Даци неофицијално бил осомничен за убиството што се случи во „Шиша бар“, а вакви неофицијални информации објавија и косовските медиуми.

 

Поврзани новости