Под слоганот „Правда за сите“ Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека на поранешниот премиер Никола Груевски му биле конфискувани двата станови на „Биаќка“ и три апартмани на Водно, од случајот „Плацеви на Водно“ за кој беше осуден на девет години затвор.
-Со влегувањето во Владина постапка започна враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.Станува збор за два стана кои што се наоѓаат на ул.Бихачка еден од 65м2, другиот од 44м2 на КО Кисела Вода 1, одземени со правосилна пресуда III KOK.бр.63/21 од Основен кривичен суд Скопје.Покрај овие два стана одземени се и три апартмани во Панорама Резиденс како и градежно земјиште во КО Центар и градежно земјиште во КО Норово за кои што исто така, во најкратко време, ќе бидат ставени во постапка за продажба, се вели во соопштението на Агенцијата.
Груевски е во бегство во Унгарија, а неговото име се почесто се споменува, откако експресно беа донесени измените на Кривичниот законик со коишто голем дел од кривичните дела му застаруваат.
Сепак случајот „Плацеви на Водно“ не го опфатија овие измени и уште неколку случаи, но овој предмет се наоѓа сега пред Врховниот суд. Таму пак, скопски адвокат бара највискиот суд да донесе ново правно мислење за аболициите на поранешниот претседател, Ѓорге Иванов.