439
Со задоцнување од 40-на минути денеска почна судското рочиште за случајот “Титаник”, бидејќи доцнеше спроводот на притворените Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од истражниот затвор “Скопје”.
Бидејќи обвинетиот Никола Груевски, пак, е во бегство, обвинителката Лиле Стефанова побара нему да му се суди во отсуство, а од судот побара и да му се одреди мерка притвор, која ќе стапи на сила од денот на неговото пронаоѓање.
Судечкиот совет, на чело со судијата Осман Шабани, одлучи на екс премиерот Никола Груевски да му се суди во отсуство.
На денешното рочиште продолжува презентирање на “бомби” поврзани со изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.