Пожарите низ Грција вчера беа во голема мера локализирани откако со денови беснееја и уништија десетици домови, но постои можност за нов топлотен бран кој може да ги влоши условите за пожари. Пожарот западно од Атина, кој предизвика масовна евакуација претходно оваа недела, е локализиран, изјави претставник на противпожарната бригада.
Пожарникарите поддржани од канадерите останаа на терен како мерка на претпазливост во случај пожарот повторно да избувне. На островот Родос, пожарникарите продолжија да се борат со пожарот што избувна во густо пошумена планинска област.
Грчката метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од шумски пожари од денес, бидејќи земјата закрепна од првиот голем топлотен бран во летото.
Се предвидуваше дека денеска ќе започне втор топлотен бран, а температурите во некои области ќе надминат 40 степени Целзиусови, а во петок дополнително ќе се искачат до максимални 44 Целзиусови степени.
Копнените и воздушните сили за гаснење пожари ќе продолжат со превентивните патроли во шумите низ Грција во тешки услови, соопштија властите доцна во средата.