508
На граничниот премин Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на Богородица се чека триесетина минути само за излез. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони, како што е случај со делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.