За влез и излез од државата на граничните премини Богодица и Табановце се чека околу половина час, а на останатите гранични премини нема поголеми задржувања, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите од АМСМ интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
„Сообраќајот од Страхојадица кон Смесница е затворен за сообраќај поради пожарот кој е во близина на патот“, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.