На граничниот премин Богородица се бечежи зголемена фрекфенција на возила, а времето на чекање е меѓу 15 и 30 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според АМСМ на граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.