На граничен премин Богородица се чека еден час

by Фокус

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа  од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Поврзани новости