41
На граничниот премин „Богородица“ утринава голем број возила се упатиле кон соседна Грција.
Според информациите, на овој граничен премин за излез од Македонија се чека и по еден час.
Пред нас е продолжен пролетен викенд. Денеска во земјава е неработен ден за сите граѓани. Се одбележува 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот.
Потоа следи Велики Петок, неработен ден и во недела големиот христијански празник Велигден.
Од АМСМ утрово информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.