На ГП „Богородица“ се чека по петнаесетина минути за излез и за влез во државата

by fokus

На нашиот најфреквентен граничен премин „Богородица“ во моментот за излез и влез во државата се чека најмногу петнаесетина минути, информираат за МИА од дежурната гранична служба.

– Тоа е времето потребно за објавување на граничните и царинските формалности, а задржувањето не било поголемо ниту утрово, во времето од 7:30 до 9:00 часот кога се направила најголемата гужва денеска, појасни командирот Миле Тошев.

Најмногубројни се туристи од Македонија од Србија кои заминуваат на одмор во Грција.

Во текот на летниот период ваквата слика на границата велат е вообичаена и секојдневна, па дури се смета и за сосема нормална кога е во прашање ек на туристичка сезона.

Од АМСМ предупредуваат на внимателно возење поради зголемената фреквенција на патиштата.

Поврзани новости