Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат утрово од АМСМ
– На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути, се наведува во соопштението на АМСМ.
Како што информираат оттаму, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.