528
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 20-30 минути, информираат од АМСМ.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.