На гласање ќе се оди со маски и ракавици, тврди Николовски

by Fokus

Со заштитни маски и ракавици граѓаните ќе одат на гласање, кога ќе се спроведат парламентарните избори, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција.

„Митинзи нема да има. Сериозното, одговорно и навремено преземање на мерки и политики од страна на државата и почитување на мерките придонесува да се стави оваа криза под контрола. Се намалуваат бројот на новозаразени и се зголемува бројот на оздравени. Тоа го наметнува прашањето на враќање во нормала на секојдневниот живот. Одржување на растојание од 2 метри и користење на маски ќе останат секојдневие и понатаму. Тоа значи и во контекст на изборниот процес, дистанцата и заштитните маски ќе бидат дел и од изборите, вклучувајќи и други медицински протоколи. Ќе се избегнуваат сите јавни и масовни собири и ќе се користат дигиталните и електронските алатки во кампањата и комуникацијата со граѓаните“, рече Николовски. 

 

Поврзани новости