749
Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек денеска предупреди дека екстремни сили го презеле протестот на фармерите што се одржува низ целата земја.
ДПА јави дека Хабек повикал на заштита на демократијата.
Хабек, кој е и министер за економија на Германија, објави видео порака на социјалните мрежи.
„Има повици кои кружат со фантазии за државен удар. Се формираат екстремистички групи, отворено се прикажуваат националистички симболи“, предупреди Хабек.
Протестите на земјоделците ширум Германија почнаа утрово со блокади на автопатиштата и колони трактори низ градовите.