На Евровизија повеќе се трудат околу земјите кои имаат повеќе пари, обвини црногорската претставничка Владана

by fokus

Црногорската евровизиска претставничка Владана, која во втората полуфинална вечер настапи со песна на Дарко Димитров и не успеа да се пласира во финале, се огласи со критики до организацијата на Евровизија.

Како што раскажува во интервју за ЦДМ.ме, очекувала многу подобра организација во Торино, обвинувајќи дека најголемо внимание им се посветувало на земјите кои биле богати.

-Се е хаотично, се тестираме за корона вирус секои три дена, многу сме оддалечени од арената и градот, па немам чувство дека сум дошла на некој голем настан каков што е Евросонг.
Се случија технички проблеми, посебно со кинетчкото сонце, атрактивна инсталација, околу која требаше да се врти настапот на многу учесници.

Тој дел од сценографијата ни беше парализиран поради техничка неисправност, организаторите немаа време да го решат проблемот, па сонцето мораше да биде статично. Поради тоа трпеше нашиот настап.

Се трудевме за некои работи во врска со настапот, но молбите не ни беа слушнати, бидејќи тие очигледно многу повеќе се трудат околу земјите кои имаат повеќе пари.

Гледачите мора да знаат дека не е до нас, вложивме многу труд- појасни пејачката.

Владана Вучиниќ пред два месеци за време на промоцијата на евровизиската песна „Breathe“ чиј коавтор и аранжер е Дарко Димитров, откри дека има македонско потекло.

-Јас сум пола Македонка, сакав да ги поврземе тие работи, нешто македонско да биде вплетено во приказната. Дарко има евровизиско искуство, мислев дека тој може музички да ја обликува мојата порака така како што сакав.
Од Северна Македонија очекувам 12 поени, изјави таа за време на промоцијата, појаснувајќи дека мајка и починала од ковид 19, а песната била во чест на сите кои изгубиле драги личности за време на пандемијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости