На ЕУРО 2024 на дресовите само со „нормални“ бројки

by Fokus

„Големите“ бројки на дресовите станаа тренд во модерниот фудбал, но тој случај нема да го видиме на ЕП.

УЕФА утврди дека на Европското првенство во Германија, кое започнува наскоро, може да се користат само бројките од 1 до 26, колку што ќе има секоја репрезентација во тимот.

Тоа значи дека многу фудбалери ќе мора да го сменат бројот на својот дрес во однос на оној што го носат во клупскиот фудбал.

На пример, англиските репрезентативци Деклан Рајс и Фил Фоден нема да можат да ги користат „своите“ броеви 41 и 47 од Арсенал и Манчестер Сити, ниту пак Трент Александер-Арнолд – 66 од Ливерпул.

За потсетување, денеска на полноќ истекува рокот за доставување на конечните списоци за ЕУРО 2024.

Поврзани новости