На домашно лекување денеска заминува првата пациентка со корона вирус

by Fokus

Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување информира Министерството.

Според информацијата таа била по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

- Advertisements -

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.

Поврзани новости