Бугарската амбасада во Скопје упатила протестна нота до македонското МНР, поради тоа што, како што објави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, денеска на граничкниот премин „Деве Баир“ бугарски државјани бил спречен да влезе во С Македонија за да внесе бугарски книги.
Со нотата, како што објави Захариева на фејсбук, амбасадата бара објасување „зошто се наметнува посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што никаде не е регулирано и апсурдно е да се случува во 2021 година во земја која тврди дека сака да влезе во ЕУ“.
Според шефицата на бугарската дипломатија, овој чин е скандалозен и за тоа ќе биде запознаена Европската комисија и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Скопје.
„Амбасадата на Бугарија во Скопје упати протестна нота до МНР на С Македонија за одлуката на царинските власти на ГП ‘Деве Баир’ за запирање на пратка од 920 бугарски книги за Бугарскиот културно-информативен центар во РСМ. Примероците од ‘Бугарски народни песни од браќата Миладинови’ беа транспортирани од бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, кој го покажал на граничната контрола на ‘Деве Баир’ договорот за донација со кој книгите ќе бидат доставени во нашиот културен центар“, напиша Захариева.