389
На скопската Детска клиника вчера било донесено починато бебе.
– На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едно ипол месечно машко бебе од Скопје без знаци на живот – информираа од полицијата.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција.