На 15-ти октомври, на денот на локалните избори, во Градски парк, во близина на Луна Парк, ќе се одржи 19-ти по ред традиционален Шри Чинмој Маратон на Себе-Надминување.
Почетокот на трката е во 9 часот, и ќе се трчаат Полумаратон – 21,195 метри и Маратон – 42,195 метри.
Организатор на настанот е Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје, а мотото на маратонот е – Јас не се натпреварувам со остатокот од светот. Јас се натпреварувам само со себе, бидејќи мојот напредок е мојата вистинска победа, според зборовите на Шри Чинмој, индискиот филозоф и духовен учител.
Пријавувањето на маратонот е во тек, и ќе биде отворено се до 10.10.2017 во 23:59 часот. И, ако во минатото на маратнот на себе надминување имало практика да трчаат политичари, оваа година, сеуште не се пријавил ниту еден.
Дирекоторот на трката, Тони Коцевски вели дека сосема случајно се поклопил датумот на одржување со датумот на гласање на изборите, но како се надева дека тоа нема да ги поколеба политичарите атлетичари, и како ќе се решат да се пријават и годинава, па од маратон, да заминат на гласање.