На дело се фатени крадци во куќа во Прилеп

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп.

Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба“ во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости