628
На едно четиричлено сeмејство во ноември годинава според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби.
Од парите 14.149,01 денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808,29 денари, односно 32,03 отсто за домување. За хигиена требале 2.375,3 денари или 7,04 отсто, за превоз 2.464,22 денари или 7,3 проценти, за облека и обувки 2.161,57 денари, односно 6,41 отсто, за култура 1.066,79 денари или 3,16 отсто, а за одржување на здравје 716,91 денари, односно 2,12 отсто.
Просечно исплатената нето плата во земјава за септември 2020 година изнесува 27.405 денари.