403
Во кабинетот по ликовна уметност во oсновното училиште “Кочо Рацин“ 13-годишник нападнал соученичка. Поради нанесените телесни повреди девојчето завршило во Ургентен центар.
„На 27.09.2018 година во oсновното училиште “Кочо Рацин“, во кабинет по ликовна уметност, 13 годишен ученик физички нападнал негова врсничка, на која и била укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје. По преземени мерки, настанот е расчистен и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од полицијата.