844
Еден македонски државјанин бил задржан на бугарската граница на пат кон Бугарија, каде тргнал да присуствува на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.
Според информациите што за „Фокус“ ги кажа првиот човек на Патриотскиот инситут на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, Македонецот наводно бил баран со потерница од Интерпол, но набрзо бил пуштен.
Сепак, друг македонски државјанин кој одел со истата група на отворање на македонскиот клуб, бил приведен и задржан и засега нема информации зошто.
Пандов по пристигнувањето во Благоевград се обратил до македонскиот конзул таму, реагирал и побарал информации зошто човекот бил задржан.
В.С.