Шефот на бугарската демократија, Николај Милков, доби негативен одговор од македонското МНР на барањето претставник од Бугарија да учествува во работната група која треба да ги подготви уставните измени, со цел вклучување на Бугарите во Уставот. Од Министерството одговорија дека на Бугарија не и е место на масата каде се решава за внатрешните прашања на земјата.
Од таму велат дека процесот на уставни измени „претставува внатрешно прашање на Република Северна Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија“. Од МНР демантираат дека Милков разговара со Османи на оваа тема.
„Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Северна Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков. Северна Македонија останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада“, велат од МНР.