На Бугарија и сметаат учебниците и пописот: Нема зошто да го тргнеме ветото!

by Фокус

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, не гледа причини во оваа фаза да биде укинато ветото за почеток на преговорите со ЕУ за Северна Македонија. Зборувајќи за билатералниот спор меѓу двете земји, таа истакна дека Бугарија одамна ги поставила условите кои, ако бидат исполнети, ќе биде укинато и ветото.

-Бугарија има пет услови за Северна Македонија, кои се поставени одамна. Дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Ниту после 18 состаноци на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во учебниците од кои се изучува во училиштата во Република Северна Македонија – вели Јотова.

Воедно, таа посочила дека не може да се признае ниту пописот, според кој во Северна Македонија се попишани 3 500 Бугари, а таа тврди дека од 2007 година па наваму издадени се 85 000 бугарски државјанства на македонски државјани.

Поврзани новости