523
Парламентарната фракција на британските конзервативци може вечер да гласа за недоверба на лидерката на партијата и премиерка Тереза Меј, соопшти пратеник од Конзервативната партија, кој долго време ја критикува Меј.
Ендру Бриџен истакна дека при првата можност, пратениците од Конзервативната партија ќе гласаат дали имаат или не доверба во Меј. Според неговите зборови, тоа ќе се случи денеска вечер.