427
Министерот за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина, Исмир Јуско денеска изјави дека на БиХ и недостигаат 6.000 работници во секторот за информациски технологии.
Тој смета дека треба да се работи на анимирање на младите луѓе за оваа струка, особено ако се има предвид хиперпродукцијата во некои други струки.
Јуско, на отворањето на конференцијата за потенцијалите на развојот на софтверската индустрија во БиХ, додаде дека земјата и регионот имаат дефицит во ИТ секторот и дека речиси е невозможно да се најде невработен кадар од таа бранша.