576
Покрај затворските казни кои ги добија како обвинети во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски 9 години затвор, а Катица Јанева беше осудена на 7 години, од нив ќе бидат конфискувани и пари и брендирана облека.
Како што беше речено, на Боки 13 му се конфискува облеката од скапи брендови, што му беше одземена од страна на обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска во истрагата, спакувана во 70 вреќи, како и повеќе уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со наводното пуштањето во оптек на парите од земениот рекет.
На Јанева, пак, ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема пари на сметките, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини.