2
На 17.10.2024 во 17.20 часот на Граничниот премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(39) од Русија, кој управувал патничко возило „бмв х5“ со грчки национални ознаки, поради тоа што при извршени проверки било констатирано дека при контролата приложил фалсификувана возачка дозвола.
Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.