На „Богородица“ и „Табановце“ се чека по половина час

by Fokus

Повторно има задржувања на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата. информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

За влез во Грција се чека околу половина час, соопшти АМСМ. Исто толку време се чека и на граничниот премин „Табановце“ при влез во Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости