Долго очекуваното летување во хотелот Мелиса во Анталија, Турција, за Бисера Томиќ од соседна Србија се претворило во вистинска агонија, откако во градината на хотелот и паднала палма врз глава.
Тешко повредена, таа била пренесена во болница, каде раната и била сошиена, и биле направени снимки кои покажале дека главата и вратот и се добри, но проблемите започнале кога требало да се плати сметката за лекување.
-Цело дрво ми падна врз глава, со возилото на итната медицинска помош бев пренесена во болница. Го предадов таму пасошот и осигурувањето, и тогаш започна агонијата.
Аранжманот и комплетното осигурување ги купив преку агенцијата со која дојдов во Турција. Но, на телефонскиот број на осигурителната куќа никој не се јавуваше. Се јавува говорна пошта која кажува дека линијата има дефект, а пак ако се ѕвони од Србија, се јавува вработен, но само до 16 часот во работен ден. И од агенцијата никој не ми одговори на повиците и пораките.
Барав помош и од амбасадата, бидејќи не смеев да ја напуштам болницата без да платам, а со секој нов ден поминат таму, сметката се повеќе расте.
Од амбасадата ми кажаа дека не можат да ми помогнат, и како осигурителната куќа треба да го уплати износот на болницата- раскажува несреќната жена за Б92.
Тогаш побарала помош преку социјалните мрежи. Од Фејсбук група за туристи во Турција добила поддршка, го контактирале конзулот во Анталија, се направил напор да разговараат со осигурителната куќа.
-Под притисок, осигурувањето го плати трошокот, 2.800 евра за еден ден во болница. Сега сум добро, кога ќе се вратам во Белград ќе ги вадам конците од глава. Среќна сум што преживеав, туристите да внимаваат да не го поминат она кое мене ми се случи, кога се осигурителните компании во прашање – порачала Томиќ.
Вики Клинчарова